Советот на Општина Кочани ја одржа својата 9-та редовна седница на која советниците дебатираа по предложените три точки од дневниот ред.

Се усвои Локален акциски план за домување, урбанистичко планирање и комунална инфраструктура – ЛАП 2018 – 2020 година кој се однесува на ромската популација и кој е подржан од сите невладини ромски организации во општината.

Беше усвоена предлог-одлуката за измени и распоред на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2018 година како и предлог-одлуката за одобрување на финансиски средства на СОУ „Гошо Викентиев“ околу патувањето на децата од кабинетот на „Роботика“ во САД.

Седницата помина во мирна атмосфера а освен дискусиите на поедини советници за подржувањето на предлозите немаше некоја поопсежна дебата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари