Во Сабота на програмата се натпреварите од 20-тото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток.

Во Кочани по само две седмици повторно се игра комшиското вечно дерби, „Осогово“ ја пречекува екипата на Штипска „Брегалница“.  Од таборот на „жетварите“ најавуваат дека спремно ќе го дочекаат натпреварот и дека овој пат шансата ќе ја искористат и трите бода ќе останат во „градот на оризот“ кои за „жолто-сините“ живот значат. Натпреварот ќе го суди судиската тројка од Скопје. Главен судија ќе биде Дарко Стојчевски на кого ќе му помагаат Милош Милошевиќ и Горан Милошевски.

Двојки за 20-тото коло:

„Осогово“ – „Брегалница“

„Каменица Саса“ – „Беласица“

„Тиквеш“ – „Плачковица“

„Победа“ – „Борец“

Слободна е екипата на „Кожуф“.

Натпреварите започнуваат во 16:00 часот.

Се играат и натпреварите од 15-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени во кое се среќаваат:

„Каменица Саса“ – „Кочани“

„СЦ Истатов“ – „Тиверија“

„Драгон“ – „Топ Гол“

„Њу Јорк“ – „Тетово“

„Речица“ – „Борец“

„Атлетико“ – „Ас Јунајтед“

По 14 одиграни кола екипата на „Кочани“ е на осмото место со 13 освоени бода.

Недела е резервирана за натпреварите од Третата Фудбалска Лига – Исток. Се игра 19-тото коло во кое се среќаваат:

„Слога 1934“ – „Кежовица“

„Овче Поле“ – „Кит Го Пехчево“

„Рудар“ – „Брегалница Голак“

Слободна е екипата на „Малеш“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари