Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против О.А. (36), полициски службеник од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Пријавениот во периодот од февруари до април 2018 година, во два наврати, на И.Р. од Кочани, за сума од 11.000 денари му продал околу 80 грама марихуана.

На 11.04.2018 година, по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип биле преземени мерки и во близина на градскиот плоштад во Кочани, пријавениот бил фатен во момент кога вршел продажба на марихуаната. При претрес кај пријавениот била пронајдена поголема сума на пари, а марихуаната која е предмет на купопродажбата била одземена од И.Р..

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ИЗВОР: МВР – Дневни билтени

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари