Синоќа, Општина Кочани и Комисијата за еднакви можности при Советот на Општината приредиja „Вечер на женски права“.

Публиката имаше можност да го проследи филмот „Ада за градоначалничка“, по што беше отворена панел-дискусија на тема жената во политиката.

За предизвиците на жената во политиката, актуелните состојби на локално и национално ниво говореа Соња Стаменкова, градоначалничка на Општина Македонска Каменица, Татјана Лазарова Осоговска, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Кочани и Кристина Хаџи Василева, магистерка по родови студии.

На присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, кој истакна дека е потребно да се работи на јакнење на јавната свест за рушење на одредени родови стереотипи, a посочи и за потребата жените похрабро да дејствуваат и меѓусебно да се поддржуваат.

На „Вечерта на женски права во Кочани“ ѝ претходеше работилница за родова еднаквост со членовите на Советот на Општина Кочани.

Активностите се дел од проектот „Промоција на родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање“ финансиран од UN Women.

DSC_0017

DSC_0021

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари