Разиграни, насмеани и весели, дечињата од Детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани, од сите клона, во салата на ООУ „Никола Карев“ ја одржа својата петта олимпијада, насловена како „Детска олимпијада 2018“.

Најпрвин присутните во салата ги поздравија Лидија Серафимова – Директор на ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев кој воедно ја прогласи олимпијадата за отворена.

Со насмеани лица и со преголема возбуда од преполните трибини дечињата се натпреваруваа во неколку категории и заедно со своите воспитувачи, родители, роднини и пријатели направија забава за паметење.

Додека траеја натпреварите очигледно беше дека сите дечиња имаа желба да победат, и на крајот навистина, сите беа победници.

Оваа олимпијада која по петти пат се организираше е заснована од воведувањето на корективна гимнастика кај големите групи во градинките.

По завршувањето на натпреварите победниците ги добија своите медали.

Координатор на натпреварувањето и забавата беше проф. Колев Николче.

С. Ивановски

DSCN9153

DSCN9168DSCN9184

DSCN9133

DSCN9121

DSCN9106

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари