Во организација на Федерацијата на Боречки Спортови на Македонија а со техничка организација на БК „7-ми Мај Леов“ од Прилеп во градот под „Маркови кули“ се одржа Изборното првенство во борење – слободен стил во Јуниорска конкуренција.

Некогашниот борач на БК „Спартак“ од Кочани а од неодамна на БК „Лирија“ – Скопје, Столе Ефтимов во категоријата до 79 килограми го освои првото место.

Ефтимов настапи во категорија во која имаше 10 натпреварувачи и супериорно ги доби сите три борби со по 10:0, односно со технички туш и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Со освојувањето на првото место Столе Ефтимов си обезбеди место во Репрезентацијата на Македонија и воедно учество на големиот Меѓународен боречки турнир „Петко Сираков“ кој во викендот што доаѓа ќе се одржи во Русе (Република Бугарија).

На Изборното првенство во Прилеп зедоа учество 50 борачи од речиси сите боречки клубови во државата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари