Требаше да поминат само 5 кола од третиот круг во Третата Фудбалска Лига – Исток за да се случи она кое многумина го предвидуваа пред нејзиниот почеток.

По откажувањето на „Зрновка“ пред самиот почеток на третиот круг а по не патувањето на „Брегалница Голак“ (Делчево) во Пробиштип за натпреварот против „Рудар“ се доведува во прашање регуларноста на првенството.

Според добро упатените и овој пат се финансиите во прашање. Имено како што дознаваме „Брегалница Голак“ ја немало платено целосната котизација за учество во лигата па сега кога сите рокови поминале и дошло време истата да се плати, се решиле да не патуваат во Пробиштип со што во прашање го доведуваат својот настап во понатамошниот дел од првенството.

Сега повеќе од јасно е дека лигата која започна „на мускули“ тешко дека ќе го доживее својот регуларен крај.

Зошто ова се случува, конечниот одговор треба да го даде Претседателот на Третата Фудбалска Лига – Исток, кој веќе неколку месеци не сака да се огласи за овие случувања.

Која е иднината на Третата Фудбалска Лига – Исток времето ќе покаже, но факт е дека таа не е на сигурни нозе.

Инаку во 19-тото коло се одиграа само два натпревара во кои лидерот „Кит Го Пехчево“ како гостин во Свети Николе го совлада домаќинот „Овче Поле“ 5:0 а „Слога 1934“ беше поуспешна од „Кежовица“, совладувајќи ја во Виница 2:1.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари