Во дописот што го добивме од наш сограѓанин се наведува дека сметот во последно време не се собира сиот, туку дел од него и понатаму се остава околу контејнерите кој потоа се разнесува по улиците а и дека контејнерите не се враќаат на истото место од каде се подигнати, туку се оставаат на брзина и на места кои го загрозуваат сообраќајот.

Како што не информира нашиот сограѓанин, фотографиите ги направил во неделата наутро некаде околу 08:00 часот пред зградата „А“ во ГТЦ, на кои јасно се гледа дека контејнерите се исчистени а дел од сметот е оставен околу нив но и дека еден од контејнерите речиси половина е оставен на самата улица.

Ако се знае дека во возилата кои го собираат сметот од контејнерите има и лопати, не би било воопшто тешко на вработените да со нив го соберат и оној смет кој некој неодговорен жител го оставил наместо во контејнерите, веднаш до нив.

Надлежните служби од КЈП „Водовод“ мораат да реагираат на оваа зачестена појава во последните неколку седмици.

С. Ивановски

DSCN9628

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари