Општина Кочани реагира во врска со текстот „Дали Дедо Мраз делел пакетчиња на Пониква“, објавен на 13 април 2018 година, на порталот Комарец.

Општина Кочани преку Секторот за уредување и располагање со градежно земјиште, постапува согласно законските одредби и континуирано води сметка за начинот, условите и процедурите за продажба на градежно земјиште, сопственост на Република

Македонија. Исто така надлежните служби водат сметка за поставените рокови пропишани со склучувањето на договорите и сите што не ги исполнуваат законските обврски се задолжуваат со казнени мерки по кои се постапува.

Секторот одговорно тврди дека ниедна градежна парцела не е доделена без јавно наддавање. Го повикуваме авторот на текстот да прецизира кон што се насочени неговите сомнежи, за да може да се даде прецизен, соодветен одговор.

Во врска со водоводната и канализациската мрежа на Пониква, известуваме дека сите што купувале парцели на Пониква знаат дека договорите за уредување на градежно земјиште не содржат ставка со која Општина Кочани се обврзува да обезбеди водовод и канализација до продадената градежна парцела. Решавањето на овие прашања, исто како и патната инфраструктура е етапно со проекти, но континуирано.

На крајот, ги повикаме граѓаните секој да биде личен пример и да покаже дека го почитува законот и дека се грижи Пониква да биде туристички центар како што прилега.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари