Општина Кочани ја распиша 30-тата објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, со која се ставени на продажба 12 градежни парцели, од кои шест со намена индивидуално домување, две за лесна индустрија, три за викенд куќи на Пониква и една градежна парцела со намена за изградба на стопански комплекси за откуп на примарна и финална обработка за земјоделски производи.

Од парцелите за индивидуално домување две се наоѓаат на улицата „Трета македонска бригада“, две на „Ѓорче Петров“, една на „Крум Вранински“ и една на улицата „Јордан Зафиров“, а се со површини од 260 до 423 м 2 .

Парцелите со намена за лесна индустрија и производство се наоѓаат во месноста Драчевик и се со површина од 1.471 и 1.150 м 2 .

Градежната парцела со намена за изградба на стопански комплекси за откуп на примарна и финална обработка за земјоделски производи се наоѓа во месноста Ќерамидница и е со површина од 9.847 м 2 .

Трите градежни парцели за викенд куќи на Пониква се со површина од 449 до 654 м 2 .

Рокот за пријавување за градежните парцели за индивидуално домување е до 8 мај 2018 г., а јавното наддавање ќе се одржи на 10 мај. За останатите парцели рокот за пријавување е до 28 мај, а јавното наддавање е на 30 мај.

Почетната цена за сите градежни парцели е 61 денар за метар квадратен.

Целосната објава за продажба на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и е објавена на веб-страницата на Општина Кочани, www.kocani.gov.mk.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари