Од Планираните 10-на улици со овој проект, повеќе од 60% се речиси завршени со исфрлање на старите азбестни цевки, а во моментот екипи на фирмата изведувач „Коп Инженеринг“, работат на најфреквентните улици во градот на Булеварот „Маршал Тито“ како и на улицата „Браќа Миладинови“, поради што доаѓа и до повремени застоји во сообраќајот.

Инаку, со овој проект треба да бидат опфатени 3.960 метри од водоводната мрежа во градот или поточно улиците: „Славчо Стојменски“, „Браќа Миладинови“, „Раде Кончар“, дел од Булеварот „Маршал Тито“, делови од улиците „Страшо Пинџур“, „Стив Наумов“, „Илинденска“, „Димитар Осоговски“, „Димитар Влахов“, „Јане Сандански„ и „4-та Македонска Бригада“.

Комплетното заокружување на овој значаен зафат од работата на новата Локална власт се очекува да заврши до средината на месец мај.

Од 42,5 км водоводна мрежа во Виница, со овој, како и со претходните неколку проекти се очекува да бидат комплетирани 19.070 метри, така да според надлежните, за замена ќе останат уште околу 4.000 метри стари азбестни цевки.

Средствата за ова реконструкција се обезбедени од „Европската инвестициона Банка“, „Министерството за транспорт и врски“ и Општина Виница.

Приклучувањето на домаќинствата ќе оди индивидуално, но откако ќе биде спроведена линијата комплетно.

Општина Виница.

 

DSC_0085

 

DSC_0068

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари