Претставници на Светска банка, Општина Кочани и надлежните вклучни во изградбата на улиците „Карпошово востание“ во Кочани и „АСНОМ“ во Оризари денеска направија увид во текот на градежните активности.

„На локациите беа согледани текот, динамиката, квалитетот и проблемите при изведбата. Дел од жителите на улицата „Карпошово востание“, имаат забелешки на поставувањето на рабници на одредени позиции, но увидовме дека изведувачот постапува според изработениот проект. Ние, во рамките на нашите можности ќе настојуваме да ги отстраниме пречките што се појавуваат а на кои реагираат дел од граѓаните во населбата Усова Чешма“ рече градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Претставниците на Меѓународната банка за обнова и развој бараат од изведувачите и надзорот посебно внимание да се посвети на квалитетот на градежните материјали и на изведбата.

Улиците што се подготвуваат за асфалтирање се со вкупна должина од 496,47 м и тоа три крака на улицата „Карпошово востание“ и крак на локалната улица „АСНОМ“ во Оризари.

Потпроектот „Изградба на две улици во општина Кочани“ се реализира според Договорот за заем склучен помеѓу Меѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија, а во врска со остварување на заштедата при реализација на „Изградба на 10 улици во општина Кочани“.

Вредноста на Договорот е околу 5, 5 милиони денари, од кои средствата во висина од 4,3 милиони денари се заштеда од „Изградба на 10 улици во општина Кочани“, а близу 1,2 милиони денари се општинско кофинансирање.

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари