Со победата над екипата на „Слога 1934“ од 6:1 „Гит Го Пехчево“ на осум кола до крајот на првенството и официјално ја завери второлигашката виза.

Разликата помеѓу „Кит Го Пехчево“ и второпласираната „Кежовица“ изнесува 22 бода, но со оглед дека секоја екипа во четвртиот круг ќе паузира на по еден натпревар и математички Пехчевци се недостижни.

Резултати од 20-тото коло:

„Кит Го Пехчево“ – „Слога 1934“ 6:1

„Кежовица“ – „Малеш“ 4:3

„Рудар“ – „Овче Поле“ 0:2

Слободна во ова коло беше екипата на „Брегалница Голак“.

На табелата води „Кит Го Пехчево“ со 55 бода, пред „Кежовица“ 33, „Малеш“ 27, „Брегалница Голак“ и „Овче Поле“ по 25, „Рудар“ 23, „Слога 1934“ 22 и „Зрновка“ 1 бод.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари