По смртта на големата рок легенда Симеон Иванов Канго, кај многу граѓани честа тема на разговор беше дали и понатаму ќе се случуваат настаните „Мактеон“, рок хепенингот „Орфејски мистерии“ и други негови дела.

Од повеќе контакти и објави на социјалните мрежи дојдев до заклучок дека кај многу луѓе постои желба да тоа си продолжи или нешто направи, со конкретни идеи и предлози, во чест, слава и сеќавање на Канго.

За да не остане само на желба и муабет, решив да стапам во контакт со некои од нив и со сите наидев на позитивен одговор. Потоа следуваше чести контакти и средби со членовите на фамилијата на Канго и се договоривме за понатамошните активности.

Најпрво се формира Иницијативен Одбор кој ќе се залага да достојно го продолжи делото на Канго, познатиот македонски рок музичар, гитарист, поет и сликар. Иницијативниот Одбор се заложи да го организира 23тиот КОСМОПОЛИТСКИ СОБОР- „МАКТЕОН“ , на ден 5 и 6 мај, 2018 година, со следната програма:

На ден 05.05.2018 година, сабота: – 17:00 часот – фоллкорно дефиле низ улиците на градот и настап на ансамбли на летната сцена на НУЦК „Бели Мугри“, Кочани. – 20:00 часот – Рок Трибјут настан „Орфејски мистерии“ , на летната сцена на НУЦК „Бели Мугри“, Кочани.

На ден 06.05.2018 година, недела, на Дабот, село Бели: – Голем народен собор, – Симболично палење на оганот на вечноста со рецитал – Играорни групи – Поетско излагање – Говор во чест на хероите.

Иницијативниот одбор објавува ЈАВЕН ПОВИК до сите граѓани, здруженија, и правни лица кои сакаат да бидат дел од одборот, да учествуваат во организирањето на настанот и помогнат во остварувањето на програмата. Исто така, ПОВИК ДО РОКЕРИТЕ, ги покануваме сите заинтересирани бендови да не контактираат за да учествуваат на рок хепенингот „Орфејски мистерии“ на ден 05,05,2018 , сабота.

Ве повикуваме, да му возвратиме со љубов на оној кој многу не љубеше сите , и со многу љубов правеше се за Македонија. Организатор: Рок-Кор „Орфеј“

Контакт: Ненад Стојанов – Кмето. Тел: 077-561-222

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари