Ана Апостолова – голман и Андреа Стојчева играч за врска, членови на ЖФК „Кочани“ се дел од репрезентацијата на Македонија У-17 која од 16-23 Април учествува на „Развојниот турнир“ што се одржува во Зеница (Босна и Херцеговина).

Освен репрезентацијата на Македонија во групата се и домаќинот Босна и Херцеговина, Хрватска и Азербејџан.

Во првото коло Македонија одигра 1:1 со репрезентацијата на Азербејџан но по изведувањето на пенали загуби 6:7. Во Петок е натпреварот против Босна и Херцеговина а во Недела кога и завршува турнирот, против Хрватска.

Освен двете девојчиња Кочани во Босна и Херцеговина го претставуваат и Оливер Јовановски – еден од селекторите во репрезентацијата и Владо Андов – Координатор на женскиот фудбал.

Експедицијата се враќа во Понеделник, кога ќе имаме и подетални информации за настапот на целиот турнир.

С. Ивановски

30710586_10213583802803634_659065617789222912_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари