Во организација на Сојузот на Училишни Спортови – Кочани а со поддршка на Локалната Самоуправа – Кочани на теренот на стадионот „Никола Мантов“ се одржа осмиот „Пролетен крос 2018“.
Учениците-учесници на кросот, нивните професори и сите присутни на стадионот ги поздрави а воедно и кросот го прогласи за отворен Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.
За разлика од минатите години бројот на учесници од основните и средните училишта беше намален од причина што претходно во училиштата наставниците и професорите извршиле селекција за тоа кои ученици се кондиционо подготвени и ќе можат да се натпреваруваат.
По завршувањето на „Пролетниот крос“ на кој по слободна проценка зедоа учество околу 500 ученика поразени немаше, бидејќи сите беа победници. Сепак најдобрите тројца пласирани од секоја категорија од организаторите добија Дипломи и медали.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.