Во Сабота со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 22-рото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток.

Во борба за опстанок во Втората Фудбалска Лига – исток, екипата на „Осогово“ ќе и биде домаќин на „Каменица Саса“ со која го игра натпреварот на сезоната. „Рударите“ му бегаат на „Осогово“ шест бодови и имаат позитивен скор во досегашните два натпревари во првенството, во Кочани натпреварот заврши 2:2 а во Македонска Каменица славеа домаќините со 2:0.

Се очекува интересен и неизвесен натпревар во кој трите бода за „жетварите“ живот значат.

Двојки за 22-рото коло:

„Осогово“ – „Каменица Саса“

„Кожуф“ – „Плачковица“

„Тиквеш“ – „Борец“

„Победа“ (В) – „Беласица“

Слободна е екипата на „Брегалница“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари