Во петокот, во Кочани Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев во друштво на Министерот без ресор Аксел Ахмедовски и пратеникот во Собранието на Република Македонија Самка Ибраимовски посетија неколку локации на периферијата од градот се со цел да изнајдат погодна локација за изградба на семејни куќи во кои ќе бидат сместени со дислокацијата ромските семејства што се имаат населено на „диво“ во „Старата касарна“.

Со дислокацијата на семејствата и со рушењето на објектот ќе се реши еден голем проблем кој во последните дваесетина години ги мачи жителите од околните семејни куќи. Имено „Старата касарна“ не е поврзана на канализационата мрежа па жителите користат полски тоалети кои создаваат особено во топлите денови една непријатна миризби во поголем радиус.

Не е подобра состојбата ниту со сместувањето во објектот. Добрите познавачи на приликите поради лошите хигиенски услови честопати „Старата касарна“ ја нарекуваат потенцијален извор на заразни болести.

Надежта дека ќе се изнајде локација постои. Со дислокацијата на ромските семејства ќе биде исполнето и едно од предизборните ветувања на сегашниот Градоначалник Николчо Илијев.

С. Ивановски

31081528_366032830563596_81

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари