Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев оствари средба со претставниците на Националната канцеларија на Сојузот на извидници на Република Македонија, како и со претставници на Извидничкиот одред „Ластовица“ од Кочани.
Освен што се разговараше за досегашната нивна соработка, претставниците на извидниците презентираа неколку нови идеи и активности кои се надеваат дека со помош на Општината ќе бидат реализирани.
Илијев најпрвин ја поздрави средбата со претставниците на извидничките здруженија и ја потврди поддршката која Општината Кочани ќе им ја дава и во иднина како на ИО „Ластовица“ . Кочани, така и на Сојузот на извидници на Република Македонија.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.