Се одиграа натпреварите од последното коло од третиот круг во Третата Фудбалска Лига – Исток.

Во трите натпревари од 21-то коло на два славеа домаќините а на еден гостите, односно лидерот на табелата „Кит Го Пехчево“.

Во Виница во борбата на дното домашната „Слога 1934“ во еден фуриозен натпревар со пет голови во мрежата ги почести „рударите“ од Пробиштип. Пет го лови им подари и „Кит Го Пехчево“ на играчите на „Малеш“ во локалното дерби. Сигурна беше и екипата на „Овче Поле“ која без поголеми проблеми ја совлада „Брегалница Голак“. „Кежовица“ беше слободна во ова коло.

Комплетни резултати од 21-то коло:

„Слога 1934“ – „Рудар“  5:0

„Малеш“ – „Кит Го Пехчево“  0:5

„Овче Поле“ – „Брегалница Голак“  2:0

Екипата на „Кит Го Пехчево“ е на првото место со 58 бода, пред „Кежовица“ со 33, „Овче Поле“ 28, „Малеш“ 27, „Слога 1934“ и „Брегалница Голак“ со по 25, „Рудар“ 23 и „Зрновка“ 1 бод.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари