Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и руската државна агенција „Россотрудничество“ со поддршка на Град Скопје и Музеј на Град Скопје и НУ ЦК „Бели Мугри” – Кочани ја организираат изложбата „Москва Денес“ која денес беше отворена во „Фоаје 2“ при НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани.

Изложбата е заснована на официјалните фотоматеријали доставени од страна на Град Москва кои го отсликуваат современиот урбанистички изглед на руската престолнина.

Во експозицијата се претставени реновирани знаменитости по кои што е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, а исто така можностите за развој на туризам, спорт, образование и култура кои ги нуди еден од најголемите градови на Земјина топка.

Самата изложба се одржува во рамките на одбележување 24 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Руската Федерација и Република Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 04-ти Мај.

DSCN0547

DSCN0546

DSCN0534

 

DSCN0536

DSCN0537

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари