„Среќен ти роденден убава плането“ и „Здрава планета за сите нас живот значи“ е мотото под кое учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ заедно со учениците од ОУ „Раде Кратовче“ го одбележаа 22-ри Април „Денот на планетата Земја“.

Со музички точки и изведби од страна на учениците од класата на професор Марија Лазарова од музичкото училиште и на Катица Петрова наставничка по англиски јазик при ОУ „Раде Кратовче“, беше одбележан денот чија цел е да се подигне нивото на совеста кај жителите за зачувување на животната средина.

Како што се посочува во пораката од светската организација, повеќе од половина од светското население живее во градовите, па бидејќи бројот на жителите во урбаните средини постојано се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, потребно е да се зголемува и совеста кај населението за да се сочува животната средина.

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето, со цел да се забават климатските промени предизвикани од човекот.

31206309_10210144354520198_1033531519836094464_n

31144166_10209287058053711_6575148163382902784_n

31179907_10209287057653701_1504198448725884928_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари