ПРВА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА „БРЕГАЛНИЦА“ – „ВАРДАР“ 0:2 (0:2) Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи: 3.000. Главен судија: дејан Јакимовски. Помошници: Игор Ширилов и Марјан Стојанчевски. Четврти судија: Влахо Константин (сите од Скопје). Делегат. Златко Чубриновски (Скопје). Контрола: Марјан Ристески (Кичево). Стрелци: Блажевски 5’ Фелипе Рибеиро 24’ (Вардар). Жолти картони: Христов (Брегалница), Велковски (Вардар). Црвен картон: Ристовски (Брегалница – 54’). „БРЕГАЛНИЦА“ – Захов, Христов, Митрев, Здравков, Нацев (Михаилов 62’), Тонев, Костов (Никовски 46’), Велковски (Станковиќ 72’), Коцев, Стојанов, Ристовски. „ВАРДАР“ – Пачовски, Попов, Мијушковиќ, Љамчевски (Брдаровски 69’), Блажевски (Асани 87’), Велковски, Глигоров, Хамбарџумјан, Николов, Ивановски (Петковски 73’), Фелипе Рибеиро. „ВАРДАР“ РУТИНИРАНО ДО ТРИТЕ БОДА ВО КОЧАНИ По цели тринаесет години љубителите на фудбалот во Кочани имаа прилика да присуствуваат на натпревар од Првата Фудбалска Лига. Пред околу 3.000 гледачи штипска „Брегалница“ како домаќин го пречека лидерот на табелата „Вардар“. Од почетокот на натпреварот гостите ја презедоа играта во свои раце и атакуваа кон голот на штипјани. Сепак првото возбудување донесе и водство за „црвено – црните“. Се играше 5’ кога „Брегалница“ беше во напад но еден нејзин играч беше фаулиран од гостинската одбрана, судијата Јакимовски одмавна со раце и гостите од контра напад успеаја преку Блажевски да поведат. Само три минути по водството на гостите штипските сини имаа шанса да изедначат но Коцев иако беше сам пред Пачовски како да се уплаши и наместо да бие тој сакаше да асистира по што шансата отиде во неврат, По овој кикс гостите се растрчаа по теренот и во 13-тата минута изведоа два корнери но без резултат. Во 24’ Фелипе Рибеиро беше фаулиран на дваесетина метри од голот на Захов. Истиот играч го изведе велемајсторски слободниот удар а топката низ рацете на Захов заврши во десниот долен агол. Но и овој гол не ги збуни домаќините. Минута по вториот гол за „Вардар“ беше досуден слободен удар за „домаќините“, Здравков одлично биеше но топката покрај скаменетиот Пачовски заврши покрај левиот дирек во гол-аут. До крајот на полувремето за одбележување е шансата на Блажевски во последната минута. Иако беше сам пред Захов биеше непрецизно покрај левиот дирек. Второто полувреме започна со црвениот картон на Ристовски кој беше по спор од Љамчевски, го фаулираше и мораше да замине во соблекувалната. Тогаш тренерот Костов направи вистински потег, во игра го внесе Михаилов, ги помести играчите и „Брегалница“ почна посериозно да напаѓа. Во 63’ по едно нафрлување од десната страна Митрев биеше со глава, но Пачовски од под самата пречка ја исфрли топката во корнер. Во 75’ Станковиќ по ново нафрлање од десната страна иако беше сам од само неколку метри како да се исплаши од укажаната шанса и беше покрај голот. Се на се интересен натпревар, во кој гостите сосема заслужено ги освоија трите бода. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари