Натпреварите во Втората Фудбалска Лига – Исток продолжуваат со несмалено темпо што е последица на играњето Сабота-Вторник.

Денес се играа натпреварите 23-тото вонредно коло во кое екипата на „Осогово“ имаше тешко гостување во Радовиш. Иако по победата над „Каменица Саса“ во тимот на „жетварите“ владееше оптимистичка атмосфера сепак кочанчани не успеаја да се вратат со толку посакуваниот бод, загубија од „Плачковица“ 2:3 (1:2).

Плачковица со головите во 13’ и 31’ имаше сигурно водство од 2:0, но во 45’+1’ „жолто-сините“ со голот на Митревски заминаа на одмор само со гол негатива.

Кога во 58’ домаќините и по трет пат ја погодија мрежата на „Осогово“ многумина помислија дека  бодовите сигурно остануваат во Радовиш, но во 76’ „жетварите“ постигнаа уште еден гол преку Жоглев и победата на домаќините беше доведена во прашање. Сепак во продолжението од натпреварот гостите од Кочани немаа сили за комплетен пресврт па се враќаат дома со празни раце.

Резултати од 23-тото коло:

„Плачковица“ – „Осогово“ 3:2

„Каменица Саса“ – „Победа“ (В)  3:0

„Брегалница“ – „Тиквеш“  5:0

„Борец“ – „Кожуф“  2:0

Слободна беше екипата на „Беласица“.

На табелата води „Беласица“ со 52 бода, пред „Борец“ 44, „Брегалница“ 43, „Кожуф“ 34, „Тиквеш“ 31, „Плачковица“ 27, „Каменица Саса“ 22, „Осогово“ 16, „Победа (В) 10 и „Турново“ 3 бода.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари