8-та редовна седница на Советот на општина Виница е закажана з ден 27.04.2018 година со почеток во 11,00 часот во салата за состаноци на 4-ти кат.

Д н е в е н р е д

1.Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Виница за звештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2018 година до 31.03.2018 година (прв квартал);

2.Квартален извештај за достасани ненамирени обврски на општина Виница за квартал од 01.01.2018 година до 31.03.2018 година (прв квартал);

3.Квартален извештај за промените на состојбата на секое задолжување на општините и Јавните претпријатија основани од општините (прв квартал);

4.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на ЕЛС Виница за 2018 година;

5.Предлог-Одлука за изготвување и аплицирање на Проектот „Општа култура, традиции и историја – мост кон нашата Европска иднина – II фаза”;

6.Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за реализација на Проектот „Општа култура, традиции и историја – мост кон нашата Европска иднина – II фаза”;

7.Предлог-Одлука со која се гарантира дека Инвестицијата за Проектот “ Општа култура, традиции и историја – мост кон нашата Европска иднина – II фаза“, во наредните 5 ( пет ) години по завршувањето на проектот нема да биде пренаменета;

8.Предлог-Одлука за закуп на медиуми и електронски (интернет) портал и закуп на термини за емитување на различни видови на програма согласно приложен медиа план;

9.Барање за Оставка од Павле Стојковски член на УО на ОЈУДГ Детска градинка „Гоце Делчев“-Виница;

10.Предлог-Решение за именување член на УО на ОЈУДГ Детска градинка „Гоце Делчев“-Виница;

11.Информација за узурпација на државното земјиште во општина Виница за 2017 година;

12.Извештај за активностите на Општинската организација на Црвениот крст – Виница во текот на 2017 година;

13.Информација за безбедноста и квалитетот на водата од градскиот водовод и другите јавни водоснабдителни објекти во општина Виница во 2017 година;

14.Информација за безбедноста на храната на подрачјето на општина Виница за 2017 година;

15.Извештај за здравствена безбедност на водата во с.Лески, с.Истибања, с.Липец, с.Градец, с.Крушево, с.Трсино, с.Драгобраште, с.Трстија и с.Пекљани;

16.Барање од Храм Св.Димитриј с.Грљани, Виница, на финансиски средства за реновирање на кровна конструкција на Храмот;

17.Барање од Црковниот одбор „Св.Јован Кукузел“ од Виница, на финансиски средства за патување во Ријека, Р.Хрватска;

18.Барање од КК Лидер-Дуке – Виница, на финансиска помош за учество на Балканско првенство;

19.Барање од МЗ Липец, за набавка на цевки во должина од 50 метри;

20.Барање од Зоран Стојков од Виница, на финансиски средства за лекување на неговата ќерка Сара Стојкова;

21.Барање од Трифун Пирејски од Виница, на финансиски средства за лекување;

22.Барање од жителите на с.Грљани, маало Маринци, Шанкевци, Цветанци, Коваевци, Балинско маало и Капетанско маало, за преземање на водоводот од страна на ЈП „Солидарност“-Виница;

23.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Даниел Трајчев од с.Истибања, Виница;

24.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Влатко Мицов од с.Истибања, Виница;

25.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Благој Јованов од с.Истибања, Виница;

26.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Гулизаде Хусејинова од Виница;

27.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Јусин Барије од Виница;

28.Советнички прашања.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари