По една седмица пауза поради обврските на Репрезентацијата на Македонија У-17, за време на викендот продолжуваат натпреварите од Првата Фудбалска Лига за жени. На програмата е 16-тото коло во кое екипата на „Кочани“ ја пречекува „Речица“. Натпреварот се игра во Сабота со почеток во 16:00 часот.

Двојки од 16-тото коло:

„Кочани“ – „Речица“

„Тиверија“ – „Атлетико“

„Топ Гол“ – „СЦ Истатов“

„Ас Јунајтед“ – „Каменица Саса“

„Борец“ – „Њу Јорк“

„Тетово“ – „Драгон“

Во Сабота се играат и натпреварите од 24-тото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток. По поразот во вторникот во Радовиш, екипата на „Осогово“ е на ново гостување и со нов предизвик, и гостува на „Победа“ во Валандово каде очекуваат три сигурни бода.

Во 24-тото коло се среќаваат:

„Победа“ (В) – „Осогово“

„Борец“ – „Плачковица“

„Кожуф“ – „Брегалница“

„Тиквеш“ – Беласица“

Слободна во ова коло е „Каменица Саса“.

Во Недела со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 22-рото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток, а се среќаваат:

„Слога 1934“ – „Овче Поле“

„Брегалница Голак“ – „Кежовица“

„Малеш“ – „Рудар“

Слободна е екипата на „Кит Го Пехчево“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари