Во едно од најефикасните кола во оваа сезона во Втората Фудбалска Лига – Исток, екипата на „Осогово“ дојде до заслужена но мошне важна победа во борбата за зачувување на второлигашкиот статус. „Жетварите“ како гости ја совладаа екипата на „Победа“ во Валандово со 5:3 (3:1). Стрелци на головите за кочанскиот второлигаш беа Жоглев 15’ Митевски 31’60’ Паунов 41’ и Петров 70’, додека головите за валандовчани ги постигнаа Трајков 34 и Маринковиќ 64’89’.

Со новите три бода разликата помеѓу осмото „Осогово“ и седмата „Каменица Саса“ сега изнесува само 3 бода, но во наредното коло „Осогово“ е слободно а нивните мисли ќе бидат во Македонска Каменица каде „Каменица Саса“ го пречекува „Тиквеш“.

Комплетни резултати од 24-тото коло:

„Победа“ (В) – „Осогово“  3:5

„Борец“ – „Плачковица“  3:0

„Кожуф“ – „Брегалница“  0:1

„Тиквеш“ – „Беласица“  0:5

Слободна во ова коло беше екипата на „Каменица Саса“.

На табелата води „Беласица“ со 55 бода, пред „Борец“ со 47, „Брегалница“ 46, „Кожуф“ 34, „Тиквеш“ 31, „Плачковица“ 27, „Каменица Саса“ 22, „Осогово“ 19, „Победа“ (В) 10  и „Турново“ 3 бода.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари