Ништо ново, главната депонија и денес гореше, а гореше и пред две седмици и пред два месеци и години наназад.

Депонијата гори а чадот и непријатната миризба се шири насекаде па граѓаните со право реагираат и бараат еднаш засекогаш да се изнајде решение со пожарите на депонијата.

Денес додека се правеа фотографиите од депонијата која гореше, на неколку од фотографиите можат да се забележат луѓе како одат на местата каде пожарот поминал и како собираат железо и некои други предмети што огинот не ги уништил.

Од поодамна имавме информации дека некој за да собира на полесен начин железо ја пали депонијата, но се до денес додека не ги убаво разгледавме фотографиите не верувавме.

Сега откако и на фотографиите се гледа како човек собира железо и друг материјал кој огинот не успеал да го уништи, донекаде се добива и одговорот на прашањето „Дали некој ги подметнува пожарите на депонијата“.

Откако и ова се обелодени, сега ред е сите служби да  се вклучат во расчистувањето на овој за дел од граѓаните на Кочани веќе голем проблем. И службите од КЈП „Водовод“ и од Еколошките здруженија, и од Локалната самоуправа па и од Полицијата се со цел да се спречи на некој начин ваквата заработка на одредени луѓе поради кои страда поголем број од населението.

С. Ивановски

59

60

6162

6468

6770

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари