ИСЧИСТЕН ДЕЛ ОД ДИВАТА ДЕПОНИЈА КАЈ СТАРАТА КАСАРНА

март 14, 2024
1 минути

Расчистено ѓубриште во Кочани во акција на девојки кои поминаа обуки за женско лидерство во акцијата организирана од девојките од програмата “Girl’s power”. Денес е исчистен дел од дивата депонија во Кочани кај старата касарна.

Во реализација на акцијата учествуваа и поддршка дадоа екипите на  КЈП „Водовод“ со нивни вработени и машини кои беа од голема помош при собирањето на отпадот, но уште поважно се вклучија и граѓаните кои живеат во непосредна близина на местото.

Тие низ разговор со жените лидерки истакнаа дека нивните очекувања за денешната акција се надминати и дека се задоволни од крајниот исход на акцијата. Исто така апелираат на зголемен број на контејнери и канти на самата локација, но и редовно собирање на отпадот за да може нивните деца да растат во чиста околина.

 

Со своето учество тие ја испратија пораката дека „Чистата и здрава околина е одговорност за секој од нас“, но наш заклучок е дека за одржливи резултати неопходно е да се работи на едукација за населението и да се влијае на нивните навики за создавење и одлагање на отпас, со цел да се спречи создавае на нови депонии.

Нагласуваме дека станува збор за непартиска активност која е дел од проектот на граѓанската организација СИГА „Girl’s Leadership Initiative for Community Empowerment” кој е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка со ГИЗ, како дел од регионалниот проект „Социјално вклучување на групи на Западен Балкан”.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ