На предлог на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на седницата на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ за нов Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани е именуван Миле Лефков.

„Гоолема чест, задоволство но и огромна одговорност . Можам да ви најавам целосна посветеност во градење на довербата и почитување на сите членови и симпатизери, одржување на творечки амбиент во кој секој несебично го дава својот допринос и е свесен за важноста на своите активности. Како најголема македонска партија, со најмногу освоени гласови преставуваме столб на Македонската демократија и имаме важна улога во јакнење на демократијата, имаме потреба од слободна држава во која владеењето на правото е единствен принцип а подобрувањето на животниот стандард е приоритет бр.1 Ви ветувам дека моите политики ќе бидат дополнителен придонес и охрабрување на овие процеси“ напиша Лефков на својот ФБ профил.

Инаку Миле Лефков на функцијата Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани ќе го наследи досегашниот Претседател Лазо Митев кој на оваа функција стапи кон крајот на месец Ноември 2015 година.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари