Во Сабота се играат натпреварите од 18-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

Во Кочани истоимената домашна екипа го пречекува лидерот на табелата „Драгон“. Ако пред некоја година натпреварите на овие две екипи беа прогласени за дерби на сезоната, годинава подмладените „жетварки“ ќе имаат за противник една искусна екипа од која пред месец и половина како домаќини загубија во рамките на Фудбалскиот Куп на Македонија за жени со 0:7.

Но сега е друг натпревар во кој кочанчанки ќе се обидат да направат изненадување кое по победата над „Њу Јорк“ (1:6) како гости во минатото коло, ќе треба да ги исфрли во средината на табелата.

Натпреварот на стадионот „Никола Мантов“ започнува во 16:00 часот.

Двојки од 18-тото коло:

„Кочани“ – „Драгон“

„Тиверија“ – „Речица“

„СЦ Истатов“ – „Каменица Саса“

„Топ Гол“ – „Атлетико“

„Ас Јунајтед“ – „Њу Јорк“

„Борец“ – „Тетово“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари