ОДРЖАНА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА НА ТЕМА „БЕЗБЕДНОСТА НА УЧЕНИЦИТЕ НАДВОР ОД УЧИЛИШНИТЕ ЗГРАДИ“

март 17, 2024
1 минути

На 16.03.2024 во училишниот двор на ОУ ”Гоце Делчев во Виница, група на граѓанки организираа настан на тема „Безбедноста на учениците надвор од училишните згради”.

Акцентот беше ставен на сообраќајната сигнализација околу училиштето за која сметаме дека е недоволно забележлива како за возачите, така и за учениците кои секојдневно ги минуваат овие улици. Мотото со кое дејствувавме беше “Дизајнирај го својот БЕЗБЕДЕН СВЕТ. Дојди и КРЕИРАЈ го твојот сообраќаен знак”.

На настанот беа присутни родители, ученици и други засегнати страни кои активно се вклучија во обележување на пешачки премини, изработување и поставување на креативни сообраќајни знаци, како симболичен гест за потсетување и апел до одговорните да ја подобрат актуелната состојба. Поставените знаци треба да се

потсетник и за возачите да возат со намалена брзина, но и за децата да бидат крајно претпазливи кога ги преминуваат улиците. Пораката која сакаме да ја испратиме со акцијата е БЕЗБЕДНИ УЛИЦИ – СРЕЌНИ ДЕЦА .

Активноста е непартиска граѓанска иницијатива во рамки на програмата „Girl’s power” како дел од проектот на граѓанската организација СИГА ,,Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment”, кој е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.

Граѓанска иницијатива

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ