„На 25 октомври 2017 година наследивме долг од 49 милиони денари, а во периодот потоа пристигнаа уште 27 милиони денари. Вкупниот долг на Општина Кочани од 76 милиони денари, со одговорно и домаќинско работење, до 30 април го сведовме на 23 милиони денари, а притоа редовно ги подмируваме и тековните обврски. Скративме на непродуктивните трошоци, а со новите рестриктивни политики во наредниот период очекуваме целосно раздолжување на Општината“ соопшти на прес-конференција градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

За прегледно и појасно претставување пред јавноста, во табеларен преглед, Општина Кочани ги прикажа платените обврски од крајот на октомври 2017 до март 2018 година и достасаните и платените обврски до крајот на март.

„Благодарение на транспарентноста во јавните набавки, ние заштедивме 6 милиони денари, средства со кои покрај планираните единаесет ќе градиме уште две улици и распределуваме средства за нови инфраструктурни проектирања. Очекуваме да ги надминеме планирањата во развојните програми“ додаде градоначалникот на Кочани.

Илијев најави дека со поддршка на централната власт очекува реализација на неколку капитални проекти: изработка на пилот-проект на градинка по европски стандарди, реализација на Домот за стари лица, продолжување на работите на браната Речани и експресниот пат до Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари