Благојчо Горгиев го доби она кое одамна го очекуваше, доби скутер за инвалидни лица со што од сега па во иднина ќе може почесто да комуницира со луѓето и да присуствува на разни настани.

По повод добиениот скутер за инвалидни лица Благојчо на својот ФБ профил напиша: „Друштво сакам да ви се пофалам дека денес на овој ден на Великаните Другарот Тито и Делчев добив поклон СКУТЕР ЗА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА, Премиерот Зоран Заев го одржа ВЕТЕНОТО, Благодарност до Небо за Премиерот, Сашо Денесовски, Томислав Тунтев, Лазе Таневски вие денес на еден инвалид човек му поклонивте нозе, сега можам да одам самостално да отидам до продавница и да си купам нешто без да малтертирам други луѓе. Мојата радост е неизмерна и прв пат од што сум толку среќен мозокот ми е блокиран и дури незнам како пишувам. Ви Благодарам Добри Луѓе останете такви какви што сте, вашето широко срце верувам дека ке помогне на многу луѓе.
П.С Премиерот Зоран Заев го чекам на гости со својот мотор а јас со моторот што тој ми го поклони да извозиме еден круг затоа што мислам дека мојот мотор е побрз од на премиерот.
П.П.С Другарке Ивана Божиновска, јас добив количка, Зборот е Збор ти благодарам и на твојата борба за мене.
Ве сакам сите бидете ми живи и здрави и од Бога Благословени!“.

Го чекаме денот кога Горгиев ќе се сретне со премиерот Зоран Заев за да возат заедно и да се види кој мотор е побрз.

С. Ивановски

31895167_2019760698052988_6346357888339935232_n31959685_2019761428052915_2297865567022874624_n

31902061_2019760864719638_932579069457858560_n31919538_2019761221386269_8981581054720606208_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари