Во организација на Фудбалската Федерација на Македонија, преку „Комисијата за женски фудбал“ во Недела на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одржи третиот годинешен „Развоен турнир за женски фудбал“.

На турнирот ќе бидат опфатени девојчињата во категориите 2002-2006 кои ќе бидат поделени во две групи.

Поголемата група ќе игра на цел терен 2 х 15 минути, а додека помалата 2004, 2005, 2006 на пола терен со стативи 5 х 2.

На турнирот ќе земат учество екипите на: „Кратери“, „Каменица“, „Габер“. „Атлетико“, „СЦ Истатов“ и домаќинот „Кочани“.

До крајот на годината ќе се одржат уште три вакви турнири како и Завршниот на кој ќе учествуваат првопласираните две екипи од двата региона.

Натпреварите започнуваат во 10:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари