Во организација на Федерацијата на Училишни Спортови на Македонија, во  Скопје се одржа „Државното првенство во атлетика за средните училишта“.

На првенството на кое  учествуваа 104 ученици од средните училишта во државата, мошне забележителен настап остварија и двете натпреварувачки од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани.

Марија Коцева од III/5 клас, настапи во дисциплината 800 метри и го освои солидното второ место, а додека Кристина Теодосиова од II/6 клас во дисциплината 400 метри беше четврта.

Марија Коцева со освојувањето на второто место си обезбеди учество на „Летниот училишен спортски камп“ што ќе се одржи во летниот период во Охрид.

Остварените резултати на двете претставнички од Кочани добиваат на тежина ако се знае дека ова за нив беше прв настап од ваков вид. Во недостаток на атлетски клуб во Кочани ученичките за ова првенство ги подготвуваше професорот Ангелчо Колев.

С. Ивановски

I II i III mesto

kristina-teodosiovaIMG_20180504_111820Angelco-dodeluva-medalji

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари