Со головите на Салихи (5) Андреевска (3), Петровска и Хусеин по 1, денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани лидерот на табелата „Драгон“ ја совлада екипата на „Кочани“ со 10:0 (3:0) во натпревар од 18-тото коло на Првата Фудбалска Лига за жени.

Кога гостинките веќе во 9’ имаа водство од 2:0 многумина помислија дека за „жетварките“ доаѓа катастрофа, но девојчињата на тренерот Оливер Јовановски сепак собраа сили да му парираат на далеку подобриот противник и до крајот на првиот дел да примат само уште еден погодок.

Сепак во второто полувреме „драгонки“ успеаја уште седум пати да ја погодат мрежата на Костова и да остварат победа со двоцифрен резултат. За одбележување е дека за време на целиот натпревар домаќинките само еднаш успеаја да се заканат кон противничкиот гол, кога Атанасова од слободен удар го погоди горниот дел од пречката.

Во ова коло сите фаворити дојдоа до победа освен екипата на „Борец“ која во Велес беше изненадена од „Тетово“.

Резултати од 18-тото коло:

„Кочани“ – „Драгон“  0:10

„Тиверија“ – „Речица“  7:1

„СЦ Истатов“ – „Каменица Саса“  3:2

„Топ Гол“ – „Атлетико“  2:4

„Ас Јунајтед“ – „Њу Јорк“  6:0

„Борец“ – „Тетово“  1:2

На табелата води „Драгон“ со 54 бода, пред „Тиверија“ со 51. Екипата на „Кочани“ е на деветтото место со 17 освоени поени.

С. Ивановски

DSCN8831

DSCN8833

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари