На 05.05.2018 година во 02,20 часот во Полициската станица Кочани, Ј.А. (46) од Кочани пријавил дека на улицата “Шукри Шаин“ било опожарено патничко моторно возило „Мерцедес“ со бугарски национални ознаки сопственост на неговиот брат Г.А., кој се наоѓал во Р.Германија.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица-Кочани пожарот бил изгаснат.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари