Во денешното 23-то коло во Третата Фудбалска Лига – Исток иако на програмата беа три натпревари,м сепак се одиграа само два.

Натпреварот во Свети Николе „Овче Поле“ – „Малеш“ не започна од причина што гостинската екипа се повлече од теренот при загревањето.

Имено претставникот на „Малеш“ Ванчо Колевски инаку делегат во Третата Фудбалска Лига – Исток и делегат во ОФС – Кочани во записникот навел неколку причини зошто не сакаат да го започнат натпреварот.

Во записникот во рубриката – Примедби на делегатот (Панче Наков од Кратово) е запишано: „Денешниот натпревар не се одигра бидејќи гостинската екипа се повлече од теренот т.е. од страна на нивниот претставник Ванчо Колевски, бидејќи домашната екипа немала амбулантно возило, а имаше пријавено возило со регистарски таблички  ЅТ-355-VJ. Исто така домашната екипа немаше пријавено возило на приватна здравствена установа. Домашната екипа нема платено котизација, бидејќи немале платено другите екипи“.

Од она што е запишано се е јасно, и ништо не е јасно. На потег се надлежните во Третата Фудбалска Лига – Исток.

Инаку се одиграа два натпревари, во Ново Село како домаќин екипата на „Кит Го Пехчево“ ја совлада екипата на „Кежовица“ 3:0, а во Виница „Слога 1934“ славеше со 1:0 против „Брегалница Голак“. Слободна во ова коло беше екипата на „Рудар“.

С. Ивановски

32084535_10213691485895644_2960107665314807808_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари