Во организација на Фудбалската федерација на Македонија преку „Комисијата за „Комисијата за женски фудбал“ во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ се одржа третиот годишен „Развоен турнир за женски категории“.

На турнирот учествуваа екипите на „Кочани“, „Кратерки“ (Кратово), „Каменица“ (Македонска Каменица), „Габер“ (Ваташа), „Атлетико“ (Битола), „СЦ Истатов“ (Дојран) и Победа (Валандово).

Натпреварите се одржаа во две катекории:  „Младинки“, генерација 2002 и 2003 кои натпреварите ги играа на голем терен и „Кадети“ – генерација 2004,2005,2006 кои играа на половина терен.

Кај „Младинките“ беа постигнати следните резултати:

„Кратерки“ – „Каменица“ 0:2

„Кочани“ – „Габер“  1:0

„Атлетико“ – „СЦ Истатов“  10:0

Резултати во категоријата „Кадети“:

„Кратерки“ – „Победа“ (В)  4:0

„Кочани“ – „Габер“  13:0

„Атлетико“ – „СЦ Истатов“  11:0

Слободна на овој турнир беше екипата на „Тиверија“.

До крајот на годината ќе бидат одржани уште  три турнири по што следува „Завршниот турнир“ на кој ќе разигруваат првопласираните две екипи од двата Региона.

Од страна на претставниците на Фудбалската Федерација на Македонија на екипите – учесници им беа врачени Благодарници.

С. Ивановски

DSCN8991

DSCN8927DSCN8971

 

DSCN9014

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари