ОДРЖАН ШАХОВСКИ ТУРНИР СО СЛЕПИ И СЛАБОВИДИ ЛИЦА

Во Спорт
март 23, 2024
1 минути

Во рамките на проектот: „Подобро општество за слепите лица во

Кочани“спроведуван во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ) а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), кофинансиран од Општина Кочани, Здружение Еднакви за сите Кочани денес ја спроведе активноста шаховски турнир.

За подобрување на квалитетот на животот на слепите и слабовиди лица и зголемување на нивниот спортски дух денес се одржа шаховски турнир со слепите и слабовиди лица од Кочани. Шаховски клуб „Кочани“ со задоволство ги отвори вратите за претставниците од Здружение на слепи Кочани и Здружение Еднакви за сите Кочани во интерес на зголемување на шаховските вештини и дружење со слепите и слабовиди лица од Кочани.

Како што се знае дека резултатот во шаховската игра зависи исклучиво од вештината на играчот а воопшто не зависи од среќата така денес сите присутни на шаховскиот турнир споделуваа искуства и знаења и ги зголемуваа не шаховските туку животните вештини.

Играчите наизменично влечеа потези со цел да го матираат противникот, но и несебично со многу трпение гласно објаснуваа, даваа препораки и мислења. Како што милуваат да кажат шахистите денешната гимнастика на мозокот ги носи да станат големи мајстори во шахот само кога ќе си сватат сопствените грешки и слабости, исто како во животот.

Шаховската дружба протече во добро расположение и пријатна атмосфера, партиите шах се завршуваа со победи и реми но денес сите добија нови познанства, искуства и вештини.

Претседателот на Шаховски клуб „Кочани“, г- дин Благој Ситновски и останатите членови на клубот укажаа големо гостопримство и почитување, искажаа убави зборови и отвореност за соработка со слепите и слабовиди лица. Како што вистинскиот херој игра шаховска партија за време на битката, без оглед на нејзиниот исход исто така треба да се бие секоја животната партија.

Здружение  „Еднакви за сите“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ