СЕ ГРАДАТ ПОТПОРНИ ЅИДОВИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО КОЧАНИ

март 25, 2024
1 минути

Деновиве во тек е изградбата на армирано-бетонски потпорни ѕидови, на неколку локации во Кочани.

Во Бели се гради потпорен ѕид на влезот во селото во должина од 50 м, кој ја дели сообраќајницата од селските гробишта, градба со која се создава и простор за движење на пешаците.

На улицата „Пролетерски бригади“ во Кочани, изграден е потпорен ѕид со должина од 9 м и со висина до 3 м, а во населбата Усова Чешма ќе се оплатира потпорен ѕид во должина од 10 м.

Изведувач на работите е „Евроградба-инженеринг“ од Владевци.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ