По повод 9-ти Мај „Денот на Европската Унија“ денес во Кочани престојуваше Самуел Жбогар – амбасадор на Европската Унија во Република Македонија.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев и амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Самуел Жбогар  празнувањето на „Денот на Европската Унија“ го искористија за средба на која беа отворени повеќе теми.

Илијев акцентот при разговорите со својот гостин го стави на потребата од проекти во Кочани како и од начинот на кој што истите треба да се реализираат.

По завршувањето на разговорите во салата за состаноци на Локалната Самоуправа, Илијев и Жбогар го посетија „Паркот на Револуцијата“ каде покрај кејот на реката беа поставени штандови од неколку земји членки на Европската Унија, а на „Летната сцена“ беше организирано културно-забавна програма.

С. Ивановски

DSCN9052

DSCN9208

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари