„Паркот на Револуцијата“ во Кочани, односно „Летната сцена“ и левиот кеј на „Кочанска река“ беше местото каде беше главната прослава на 9-ти Мај „Денот на Европската Унија“.

Поставените седум штандови беа украсени со знамиња и други карактеристични обележја на некои од земјите членки на Европската Унија.

Се реализираше и ликовниот перформанс во кој беа вклучени членови на училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани.

По интонирањето на химните на Република Македонија и на Европската Унија, присутните ги поздравија Градоначалникот на Општина кочани Николчо Илијев и Самуел Жбогар амбасадор на Европската Унија во Република Македонија.

Културно-забавната програма се одвиваше на „Летната сцена“ при НУЦК „Бели Мугри“  каде учениците од основните и средните училишта изведоа неколку музички нумери.

Прославата финишираше со настапот на музичката груба „Шекспир“ од Кочани.

С. Ивановски

DSCN9139

DSCN9170DSCN9194

DSCN9229

DSCN9265

DSCN9313

DSCN9346

DSCN9413

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари