Белиот мал дрвен мост еден од трите кои беа поставени над коритото на „Кочанска река“ извесен период не е на своето место, едниот дел се наоѓа онаму каде и што треба да биде, а другиот во водата. Сликата не е баш најдобра.

Време е некој од надлежните конечно да реши дали ќе го врати во првобитната положба или пак ќе го отстрани од реката, бидејќи вака како што сега е поставен не личи ама баш на ништо.

Се надеваме дека надлежните сепак ќе бидат информирани и дека во најкраток можен временски рок ќе решат што и како понатака со белиот мал дрвен мост.

С. Ивановски

DSCN9457

P3150814

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари