Со нови 300 килограми крап денес беше порибено езерото „Гратче“. Како што сме информирани од „Кочански рибар“ концесионерот на „Гратче“ ова порибување не е како дел од договорот за концесија, туку е направено по иницијатива на членовите на здружението.

Крапот што денес беше пуштен во езерото е со тежина од 1,5 до 2 килограми а бидејќи забраната за ловење на риба истекува на 05 Јуни од здружението се надеваат дека ова порибување ќе го даде посакуваниот ефект.

Инаку почнувајќи од 07 декември 2016 година ова е шесто порибување од страна на „Кочански рибар“.

С. Ивановски

DSCN9520

DSCN9506

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари