Нов фудбалски бисер е презентиран од страна на челниците во ТФЛ-Исток (Третата Фудбалска Лига – Исток), кој изгледа дека е некоја иновација бидејќи вакво нешто тешко дека некогаш се случило во толкувањето на фудбалските правила и пропозиции.

Бисерот или бисерите произлегоа по одржувањето на состанокот на Трета Фудбалска Лига – Исток на ден 11.05.2018 година.

Во Билтенот од одиграното 23-то коло, натпреварувачка 2017/2018 во Одлуки на Комесарот за натпреварување стои:

1.Се регистрираат натпреварите од 23. коло на трета лига исток одиграни на 06.05.2018 година (недела) во 16.30 часот со постигнатите резултати

ФК Кежовица – ФК Кит Го Пехчево  1:0

ФК Слога 1934 – ФК Брегалница Голак  3:0

Запишаните резултати се по се изгледа нечија желба бидејќи истите немаат ама баш ништо со реалноста, односно со оние кои беа затворени во комет системот по натпреварите а гласеа:

ФК Кит Го Пехчево – ФК Кежовица  3:0

ФК Слога 1934 – ФК Брегалница Голак  1:0

По ова следи можеби најчудната некогаш донесена одлука кога се во прашање фудбалските пропозиции, а таа гласи:

Натпреварот од 23.Коло ФК ОВЧЕ ПОЛЕ – Свети Николе и ФК МАЛЕШ – Берово  СЕ СМЕТА  ЗА ОДИГРАН, БЕЗ ДОДЕЛУВАЊЕ НА БОДОВИ НА ЕКИШИТЕ

Слободна во ова коло беше екипата на ФК Рудар 1947 – Пробиштип.

Потоа следуваат двојките за 24.коло, табелата, опоменати фудбалери, исклучени фудбалери, исклучени службени лица.

Одлуки на дисциплинскиот комесар

ФК ОВЧЕ ПОЛЕ – Свети Николе се казнува со дисциплинска мерка парична казна од 1.600 евра во денарска противвредност. Поради занемарување на обврски и непочитување на одлуки на УО на ТЛИ во врска со финансиско-материјално работење, а се однесува за обврски на ФК Овче Поле – Свети Николе кон трета лига исток.

ФК БРЕГАЛНИЦА ГОЛАК – Делчево се казнува со дисциплинска мерка парична казна од 1.520 евра во денарска противвредност. Поради занемарување на обврски и непочитување на одлуки на УО на ТЛИ во врска со финансиско-материјално работење, а се однесува за обврски на ФК Брегалница Голак – Делчево кон трета лига исток.

ФК КЕЖОВИЦА – Штип се казнува со дисциплинска мерка парична казна од 1.600 евра во денарска противвредност. Поради занемарување на обврски и непочитување на одлуки на УО на ТЛИ во врска со финансиско-материјално работење, а се однесува за обврски на ФК Кежовица – Штип кон трета лига исток.

ФК РУДАР 1947 – Пробиштип се казнува со дисциплинска мерка одземање на 3 (три) бода од натпреварувачката 2017/2018 година. Поради не патување во Берово на редовно закажан натпревар од 22. коло.

Секако дека според билтенот вниманието го привлекуваат двата неточни резултати кои ги „потврдува“ Комесарот за натпреварување и барем досега нешто незабележано во фудбалските учебници, не одигран натпревар да се регистрира како одигран, а екипите што го „одиграле“ ( а не го одиграле) немаат добиено бодови.

По се изгледа дека минатата седмица  во „тестото“ што на челниците на Третата Фудбалска Лига – Исток им го замеси претставникот на ФК „Малеш“ – Берово, инаку делегат во ОФС – Кочани а тие „згазнаа“, тешко дека ќе излезат од него.

С. Ивановски

Билтен-1-1

Билтен-1-2

Билтен-1-3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари