Тиана Јовиќ, ученичка во Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, на матурскиот испит по флејта му даде целосно отворена форма, организирајќи го како солистички концерт.

Пред Комисијата и пред многубројната публика, во Даут-пашиниот амам во Скопје, Јовиќ настапи со дела од Келер, Рајнике, Девиен и Шеманд, во придружба на професорката по пијано, м-р Весна Тасевска-Ананиева.

Тиана Јовиќ го завршува средното образование во класата на проф. Симона Марочковска-Манојловска, како една од учениците во нејзината генерација која е носител на најмногу награди во текот на школувањето и со посета на многу семинари во земјава и во странство.

Наскоро, Јовиќ ќе се претстави со својата матурска програма и пред кочанската публика, што ќе биде нејзиниот четврти по ред солистички концерт во Кочани.

DSC_8107

DSC_8072

DSC_8341

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари