Во сенките на прекрасната летна тераса на Хотел „Гратче“ денес дел од новинарите од истокот одржаа работна средна  која беше збогатена со присуството на Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, како и Фиљана Кока член на УО на ЗНМ и Столе Наумов.

На двочасовната средба беа отворени повеќе теми кои го засегаат новинарството во Македонија но секако дека најголемото внимание го предизвика темата за игнорантскиот однос на Националниот  јавниот медиумски сервис.

Загрижувачки е како што беше истакнато да на просторот во источниот регион кој се простира од Куманово, па преку Свети Николе, Штип, Кочани, Пијанечкиот регион, Радовиш, Струмица се до Гевгелија МРТВ да има само тројца платени дописници и тоа сите тројца на Македонското радио.

Иако МРТВ како Јавен национален сервис има законска обврска секој регион во државата да го има покриено со дописници и сниматели такво нешто одамна не постои.

Токму и ваквата погубна политика на Јавниот национален сервис доведува до ненавремено информирање на граѓаните кои живеат во тие региони.

На крајот од средбата падна договор за одржување на дебата во Скопје и тоа пред зградата на МРТВ на која ќе бидат изнесени сите оние недостатоци кои ги засегаат новинарите.

На средбата што денес се одржа на „Гратче“ за жал не присуствуваа поголем број на новинари од истокот кои изминатите години беа редовни на состаноците и се членови на ЗНМ (Здружение на новинари на Македонија). Која е причината за намалувањето на бројот на новинари од истокот одговорот ќе треба да го дадат анализите што допрва ќе следат.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари