Се одиграа натпреварите од 26-тото претпоследно коло од годинешното првенство во Втората Фудбалска Лига – Исток. „Жетварите“ и гостуваа на екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци и го претрпеа и третиот пораз годинава од истиот противник, „лозарите“ славеа со 2:1 (1:1).

Домаќините натпреварот го отворија со голот на Шоповски уште во 2’, но „жолто-сините“ веќе во 17’ израмнија, а стрелец беше Петров.   Победата на „Тиквеш“ им ја донесе Митев со гол во 75’.

И на другите три натпревари славеа домаќините, во Велес „Борец“ ја растури неприкосновената „Беласица“, „Брегалница“ како домаќин не и дозволи на „Плачковица“ да дојде до посакуваниот бод а во Гевгелија „Кожуф“ со набрзина постигнатите голови во 3’ и 4’ ја совлада „Каменица Саса“.

Резултати од 26-тото коло:

Двојки за 26-тото коло:

„Тиквеш“ – „Осогово“  2:1

„Кожуф“ – „Каменица Саса“  2:1

„Борец“ – „Беласица“  3:0

„Брегалница“ – „Плачковица“  2:0

Слободна беше екипата на „Победа“ (В).

На едно коло до крајот на првото место е „Беласица“ со 58 бода, пред „Брегалница“ со 52, „Борец“ со 50, „Кожуф“ 37, „Тиквеш“ 34, „Плачковица“ 30, „Каменица Саса“ 25, „Осогово“ 19, „Победа“ (В) 10 и „Хоризонт Турново“ 3 освоени бода.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари